June 26, 2022 21:31
Спорт

Во Чаир спуштена шампионската завеса со убедлив триумф

Новиот македонски фудбалски првак Шкупи победнички  во 33. последно коло ја заврши сезоната со триумф од 3:0 против второпласираниот Академија Пандев. Скопје и Тиквеш со победи за самодоверба пред баражите за опстанок во елитното друштво ја спуштија завесата од лигашкиот дел, а во вторник ќе дознаат кој ќе им биде ривалот од второлигашката конкуренција Воска спорт и Беласица.

Поранешниот играч на Академија Пандев, Кристијан Трапановски со два гола за три минути во самата завршница од првото полувреме ја најави на Шкупи во Чаир, каде се беше подготвено за уште една прославо  пред 7.000 гледачи. Чаирчани ја славата шампионската титула веќе четири кола откако и теоретски го обезбедија првото место.  Абази го постави конечниот резултат.

Резултати и стрелци:

Работнички – Пелистер 2:1 (Тодоровски 53, Станковски 62 – Ричков 83)

Борец – Ренова 1:5 (Ибрахимовиќ 36 – Абдула 15, Кахирмановиќ 28, Селмани 47, Шефити 53, Јусуфи 60)

Скопје – Брегалница 4:1 (Јаневски 10, 41, Десниќ 43, Игњатов 51 – Ацковски 80 )

Тиквеш – Македонија ЃП 2:1 (Љамчевски 51 п., Христов 90+1 – Купер 20 )

Струга Трим Лум – Шкендија 1:1 (Илиески 90+3 – Рамадани 90+5)

Шкупи – Академија Пандев 3:0 (Трапановски 42, 45, Абази 67)

ТАБЕЛА:Шкупи 76 (првак), А. Пандев 64 (Конф. лига), Шкендија 61 (Конф. лига), Македонија ЃП 57, Ренова 48, Струга ТЛ 47, Брегалница 45, Работнички 43, Скопје 35 (бараж), Тиквеш 34 (бараж), Борец 21 (Втора лига), Пелистер 14 (Втора лига).

go88 hỗ trợ dang nhap go88 go88 play info

sunwin laser engraver