August 12, 2022 01:29
Хроника

Во Црна Гора се удави 22-годишно момче од Македонија

Млад човек од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха, објави црногорскиот портал Primorski.me.

Според информациите на порталот, 22-годишнoто момче вчера пристигнало во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи.

На телото немало траги на насилство.

Треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција.