January 16, 2021 05:54
Балкан

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сеад Ширгиќ, објасни дека за тоа е потребна верификација, што се врши во Фондот со нова лична карта и пин и пун добиени во плик од Министерството за внатрешни работи при преземањето на документот.

Во Фондот е предвидено да се активира документот, пренесува порталот РТЦГ.