January 17, 2019 12:40
Балкан

Во Црна Гора најстуден почеток на јануари од 1949 година

Првите 10 дена од јануари се најстудените во Црна Гора од 1949 година.

Првите десетина дена од јануари годинава се поладни од просекот, а прелиминарните податоци од метеоролошките станици покажуваат дека средната температура на воздухот е пониска од просечната во сите места во Црна Гора, велат од метеоролошката служба.

„Бидејќи речиси стана правило времето да е потопло од просекот за одреден период од годината, слободно можеме да кажеме дека првите десет дена од јануари годинава претставуваат куриозитет, бидејќи се поладни од просекот“, вели метеорологот Драган Буриќ.

Во Подгорица, на пример, средната температура во овие десет дена е пониска за околу 2,5 степени Целзиусови.

„Во некои места на брегот и на северот од земјата, јануарските денови годинава се за околу 3,5 степени поладни во споредба со просечните климатски норми. Значи, првите десет дена од месецов се едни од најстудените за јануари уште од 1949 година“, вели Буриќ за порталот на РТЦГ.

Исто така тој потсети дека неодамнешниот снег во Подгорица е прв по дури девет години.

Related posts

Уапсени криумчари кои пренесувале мигранти од Грција во Италија

Igor

Турција е земја со најмногу бегалци во светот

24news

Брисел нуди отстапки за Приштина за да ја укине таксата кон Србија

Igor