March 5, 2021 14:23
Македонија

Во црквите на Брегалничката епархија се служеа свети Богојавленски служби

Во сите цркви на Брегалничката епархија денеска се служеа свети Богојавленски служби. Во соборниот храм Свети Никола со службата чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија, на којашто присуствуваа верниците.

Светиот крст годинава не се фрлаше во реките и базените, со цел да се запазат здравствените мерки, кои се дадени од Министерството за здравство.

Градоначалникот на Општина Штип,  Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните.

Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите. Денеска свети .Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува една од светите тајни во христијанството. Овој празник значи духовно раѓање и верба во заедништво. Нека е честит празникот Богојавление, добро здравје и среќа на сите, порача Николов. 

Watch Our Last Crusade or the Rise of a New World Episode 6 (https://animeheaven.pro/m/MQQl/ep-6) at website https://animeheaven.pro. See more black clover anime heaven

The Devil is a Part-Timer! (Dub) Episode 13 at website https://funimationfree.com. See more funimation price