June 21, 2021 18:31
Скопје

Во Центар за една недела санкционирани 123 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 04.05. до 09.05.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 60 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 63 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

ANIMEFLIX animeflix bleach: Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

AnimeTV anime tv saitama: Dragon Ball Super (Dub) (https://animetv.cc/m/d74K) Episode 131