April 21, 2019 08:40
Спорт

Во ЦАФ задоволни од подготвеноста на Египет да ја преземе организацијата на Купот на Африка

 Комисијата на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) ја провери подготвеноста на Египет да го организира Африканскиот куп во 2019 година. Турнирот му беше доверено на Египет во јануари 2019 година, откако му беше одземен на Камерун, бидејќи не ги запази роковите за подготвка на инфраструктурата.

– Египет ќе биде подготвен. Постојат објекти кои треба да се поправат, но основната инфраструктура е во ред. Сите во добра состојба. Ние сме убедени дека Египет ќе може да подготви се од безбедносна гледна точка. Ќе бидат преземени сите неопходни мерки, изјави Натали Рабе, одговорен за комуникации во ЦАФ.

Африканскиот Куп во 2019 година ќе се одржи од 21 јуни до 19 јули.

Нови вести

Јувентус осми пат по ред шампион на Италија

Igor

Мерцедес нема да го смени Ботас

Igor

Фоњини преку Надал до финалето во Монте Карло

Igor