October 29, 2020 21:55
Балкан

Во Хрватска 250 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 250 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е вкупно 2.108.

Меѓу нив, 300 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се приклучени на апарати за дишење. Две лица починале.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, регистрирани се вкупно 14.279 заразени, од кои 238 починале, вкупно 11.933 се опоравиле, од кои 243 во последните 24 часа.

Во моментов има 8.756 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 242.886 лица, од кои 5.948 во последните 24 часа.