Балкан

Во Хрватска регистрирани 77 новозаразени со коронавирусот – почнува мобилно тестирање на граѓаните

Хрватските здравствени власти потврдија дека во земјата се откриени 77 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА, со овие нови, вкупниот број на заразени лица се искачи на 897.

Министерот за здравство Вили Берош на редовната прес конференција кажа дека засега на респиратори се ставени 32 пациенти, а 67 оздравеле.

Во Хрватска како последица од Ковид-19 досега починаа шест лица.

Од Центарот за цивилна заштита објавија дека во наредните денови ќе започнат со масовно тестирање, бидејќи тоа се покажало како успешно во справувањето со ширењето на коронавирусот. Токму затоа граѓаните ќе се проверуваат и мобилно, односно за присуство на коронавирус ќе се тестираат лица без тие воопшто да излегуваат од своите автомобили.

Ваков начин на тестирање веќе се спроведува во Германија и се покажа како доста успешен.