July 10, 2020 05:46
Балкан

Во Хрватска за 10 дена само три нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска нема нови случаи на коронавирус. Од вкупно потврдени 2.246 случаи, закрепнале 2.077 лица, а 103 починале. Активни се 66 случаи, од кои четири пациенти се на респиратор.

Во последните 10 дена во Хрватска се потврдени само три нови случаи.

„Придржувањето до сите досегашни мерки и упатства е клучно, бидејќи одговорното однесување може да го намали ширењето на заразата со коронавирус. Секој мора да биде свесен за одговорноста за сопственото здравје, здравјето на семејството и сограѓаните“, соопшти Институтот за јавно здравје на Хрватска.