November 30, 2020 22:08
Свет

Во Холандија рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Бројот на лица заразени со коронавирусот во Холандија во изминатите 24 часа се зголеми за 11.119, што е нов најголем број на нови случаи за еден ден, покажуваат податоците на холандскиот Национален институт за јавно здравје.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 341.374.

Според порталот Ворлдометерс, во изминатите 24 часа починале 87 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во Холандија од Ковид-19 изнесува 7.345.