November 24, 2020 12:42
Свет

Во Франција втор ден над 10.000 новозаболени

Француските здравствени власти пријавија нови 10.569 случаи на Ковид-19. Ова е помалку од рекордниот број од 13.498 новозаболени што беа регистрирани претходниот ден.

Бројот на починати од коронавирус во Франција се искачи на 31.585 од 31.274 во саботата, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број на случаи сега е 453.763.