January 27, 2022 05:37
Скопје

Во Усје почна засадувањето на 1.200 аризонски чемпреси

Општина Кисела Вода го пошумува ридот над Усје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од акцијата за засадување на околу 1.200 аризонски чемпреси кои ќе го раззеленат овој дел од Кисела Вода.

-Денес започнавме со садење на дрвца на ридот над игралиштето во Усје. Се работи за површина од 5.000м2. Обезбедивме донација од околу 1200 аризонски чемпреси кои најдобро се прилагодуваат на временските услови на нашиот регион. На овој начин ја подобруваме естетиката на овој запуштен простор, но и креираме природен филтер против загадувањето. На жителите на општина Кисела Вода им ветив подобрување на квалитетот на живот во секој негов сегмент, ветив чиста и зелена општина. Денешната акција во населеното место Усје и сите оние кои ќе следат после неа, се знак дека планирам да ги исполнам сите мои дадени ветувања-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во периодот што следи, предвидени се и други вакви акции за пошумување и зазеленување на општина Кисела Вода.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

stream anime online Fairy Tail

AnimeFreak Attack on Titan

watch animes Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

AnimeFreak So I'm a Spider, So What? Episode 23

anime websites Attack on Titan Final Season