October 27, 2020 07:03
Балкан

Во Турција денес е регистриран најголем број на смртни случаи од Ковид-19

Како резултат на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, 63 лица починале во земјата.

Со 1.716 новозаразени, вкупниот број на лица заразени со коронавирус достигнал скоро 293.000, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата починале 7.119 лица, но експертите сметаат дека бројот е поголем поради ограничениот број на тестови и други фактори.

Министерот за здравство Фахретин Коча на својот профил на Твитер објавил дека бројот на заразени лица не се намалува и ги предупреди луѓето да ги почитуваат мерките за превенција.

Турција ги релаксираше мерките во мај, а од јуни е отворена за туризам.