January 24, 2022 20:12
Економија

Во третиот квартал 8.595 слободни работни места, од нив 2.550 во услужни дејности и продажба

Во третиот квартал годинава имало 8 595 слободни работни места,  а најголем број, 2 550, се во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,69 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,32 проценти има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20  проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,16  проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,17  проценти, со 647 работни места, по што следи Североисточниот со стапка од 2, 05, односно 466 работни места. Полошкиот регион е со најниска стапка на работни места, 0,93 отсто. 

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch animes Dragon Ball (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 7

GoGoAnime Fairy Tail

dubbed anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy- Episode 6