January 15, 2021 00:36
Македонија

Во третиот квартал природниот прираст негативен, родени 5141, умрени 5419 лица, 23 се доенчиња

 Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5 141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен, -278 лица,  што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12,9 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3 768 бракови, а зголемен број е регистриан кај разведените бракови за 8,5 отсто, однсно во ова тримсечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови.