November 16, 2019 03:40
Хроника

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4 часот, на патот Струмица-Радовиш,  во близина на селото Радичево.

МВР соопшти дека во несреќата улествувале возило со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш.

„Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Коплекс клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Нови вести

Кривична за битолски хирург чија пациентка почина од внатрешно крварење

Igor

Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода

Igor

Три момчиња извршиле насилство врз цимерот

Valentina