June 28, 2022 14:33
Свет

Во Техеран е убиен полковник на Револуционерната гарда

Во Техеран, главниот град на Иран, убиен е полковник на иранската револуционерна гарда.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека полковникот Хасан Саџад Ходајари бил нападнат во близина на неговата куќа во Техеран додека излегувал од автомобилот. Кон него биле испукани пет куршуми, од кои три го погодиле во главата.

Напаѓачите биле на мотор, а по атентатот побегнале.

ИРНА објави дека Ходајари бил „бранител на светилиштето”, термин што се користи за членовите на гардата кои дејствуваат во Сирија и Ирак.

Ниту една организација досега не ја презеде одговорноста за убиството.

play go88 đăng nhập go88 quay hu download go88

kinh nghiệm chơi tài xỉu sunwin nhóm kéo sunwin danh bai doi thuong sunwin