January 27, 2021 12:06
Хроника

Во Тетовско лани евидентирани вкупно 256 кривични дела, прекршоци и поплаки за семејно насилство

Аналитичкиот центар при СВР Тетово во  текот на 2020 година бележи регистрирани 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, 13 случаи на пријави кои биле финализирани со прекршочни поднесоци, како и 170 поплаки кои се однесувале на вакови вид насилство. Од евидентираните кривични дела најбројни се  оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди, како и загрозување на сигурноста.

-Најголемиот број од сторителите инволвирани во овие дела се машки лица, пред се сопрузи, поранешни и невенчани сопрузи, синови и други членови на семејство, додека меѓу „жртвите” на ваковиот вид насилство најзастапени се женските лица, сопруги, поранешни и невенчани сопруги, мајки, сестри и така натаму. Најчести причини за семејното насилство лани се психичките растројства, акохолот и во неколку случаи-наркотични средства. Најмногу од делата се бележат во четвртото тримесечие (29) и сите се заокружени со соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум” во Тетово е организација која со бесплатни улсуги се обидува да им помогне на жртвите на семејното насилство.

-За помош како жртви на семејно насилство се јавиле 40 жени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020. Сите доживеале и трпеле со месеци или со години семејно насилство од нивните сопрузи, а една од жртвите од свекорот. Жените се на возраст од 25-40 години, а видот на насилство е физички напад, психичко малтретирање и еден случај на сексуално малтретирање, изјави Верица Тимосиевска, адвокат во Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум”.

Сите добиле правни совети и упатување до институции вклучени во системот за заштита.

-Жените добиле помош како да пријават случај до  МВР, Центар за социјални работи, Обвинителство и Основен суд.  Сме подготвувале предлози за мерки за заштита од семејно насилство до Основен суд Тетово, тужби за развод на брак, кривични пријави до Обвинителство за неплаќање издршка, жалби, приговори и писмени поднесоци со кои се заокружувала правната помош, услуги кои се бесплатни за жртвите, посочи Тимосиеска.

Watch So I'm a Spider, So What? Episode 1 (https://animefreak.ws/m/JXK9/ep-1) at website https://animefreak.ws. See more fire force animefreak

Watch Fire Force Season 2 Episode 11 (https://gogoanime.be/m/QYrn/ep-11) at GoGoAnime boruto gogoanime