July 29, 2021 07:28
Македонија

Во Тетово вчера 45 нови заболени, а во претходните четири дена 44 вкупно

Тетово повторно е потенцијално жариште на Ковид 19 со регистрирани 45 новозаразени во изминативе 24 часа, или за еден позитивен повеќе отколку што имаше вкупно во претходните четири дена.

Во изминатото деноноќие потврдени се 196 нови случаи од кои 90 се во Скопје, по што следат Тетово-45, Куманово-17, Охрид-11, Струга-8, Штип-5…

Драстичниот пораст следи само пет дена откако министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција, укажувајќи на новите кластери од Охрид и Скопје, рече дека е добро што бројот на заболени во Тетово опаѓа. Во Тетово има 209 активни случаи, веднаш зад Куманово со 216 и Чаир со околу 300, или најмногу во земјава.

Во пораст е и бројот на заразени во Охрид, во однос на завчерашните 9 нови случаи на Ковид 19.

Според денешните информации од Министерството за здравство, хоспитализирани се 54 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19 на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп.

AnimeFreak anime websites: One Piece (Dub) Episode 693

AnimeTV best anime tv shows: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 8 (https://animetv.cc/m/olj9/ep-8)