January 24, 2022 14:30
Свет

Во терористички напад во Сомалија убиени најмалку пет лица и над 15 повредени

Најмалку пет лица загинаа во терористички напад, а 15 повредени се пренесени во болница по силната експлозија што утринава се случи во центарот на сомалиската престолнина, Могадишу. Според локални медиуми, во експлозијата загинале осум лица, а се повредени најмалку 23 лица.

Експлозијата во близина на крстосницата К4, во срцето на Могадишу, беше толку голема што ги урна ѕидовите на блиското основно и средно училиште Мукасар, а во нападот уништени се и голем број автомобили.

Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите нации, кој минувал по улицата.

Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, како што најчесто оваа терористичка група ги изведува нападите.

Американската амбасада во Сомалија, преку Твитер, изрази сочуство до семејствата на жртвите и повредените и воедно потенцираше дека САД силно ги осудува сите облици на тероризам. „Луѓето во Сомалија заслужуваат да живеат живот без страв од напади”, се посочува во американската реакција.

english dubbed anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 3 (Dub)

ANIMEFLIX Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

High School DxD

anime sites Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

stream anime online ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime