June 26, 2022 13:13
Свет

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

Едно лице загина, а 85 се повредени во судар што денеска се случи во Каталонија меѓу товарен и патнички воз, соопштија шпанските власти и железничката компанија.

Службите за брза помош соопштија дека помагаат да се евакуираат околу 100 луѓе од патничкиот воз.

Несреќата се случила околу 18 часот, на околу 15 километри од Барселона, главниот град на североисточниот регион, соопшти железничката компанија ФГЦ.

Товарниот воз, што превезувал калиум, излетал од шините додека навлегувал во станицата Сант Бои, во североисточна Шпанија.

Тој потоа удрил во предниот дел на патничкиот воз, што ја напуштал станицата, а во сударот загинал машиновозачот, соопшти компанијата FGC.

lô đề go88 Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến kết quả tài xỉu go88

đăng ký làm đại lý sunwin otp sunwin nhà cái sunwin trung quốc