June 23, 2021 08:27
Македонија

Во Струмица ќе се отвори пункт за вакцинирање

До крајот на оваа или почетокот на идната недела во Струмица ќе се отвори пункт за вакцинирање на граѓаните во новата спортска сала во кругот на ООУ „Никола Вапцаров”.

Ова денеска го соопшти градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека дека пунктот се отвара на барање на граѓаните од овој регион.

-За да не ги изложуваме нашите сограѓани на дополнителни трошоци да се вакцинираат во други градови, покренавме иницијатива до Министерствотто за здравство дека сме во можност да органираме еден таков пункт. Добивме начелна дозвола и почнавме со подготовките, бидејќи тоа е еден опсежен процес, која бара многу организација и присуство на медицински кадар, технички опрема и друго. Најголем дел од потребните работи се завршени и вчера имавме координативен состанок со останатите институции за да можеме да ги обезбедиме сите услови, истакна градоначалникот Јаневски.

Тој подвлече дека ќе се обезбеди доволен стручен персонал, а ќе се обезбеди и поддршка со административен персонал и со волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица. Јаневски очекува во текот на денот и одлука од Владата за логистичка поддршка од полицијата и армијата.

Инаку, досега повозрасните граѓани се вакцинираа во пункт на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица”, а по отворањето на пунктот во Штип граѓаните од овој регион се вакцинираат таму

WCOStream wcostream cartoons: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 13

4Anime one piece 4anime: Dragon Ball Z (Dub) (https://4anime.biz/m/Dvv) Episode 291