September 24, 2021 08:18
Хроника

Во Струга само четири плажи имаат спасители на вода

Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро.

Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, информира дека до сега спасители на вода ангажирале градските плажи „Версус” и „Дада” , автокампот Ливадиште и хотел „Изгрев” за плажата и аквапаркот.

– Оваа туристичка сезона само десетина спасители склучија договор со концесионерите на плажите, вклучувајќи го и аквапаркот во хотел „Изгрев”. Останатите плажи не се обезбедени со обучени спасители на вода, изјави Даути.

Изминатите години, додаде, уште три – четири градски плажи ангажирале спасители на вода, но не е позната причината зошто и годинава не го направиле тоа.

– Капачите да внимаваат додека се забавуваат во водите на Охридското Езеро и да се свесни на ризикот со кој може да се соочат. Посебно апелирам до капачите кои го користат речното корито на Црн Дрим, бидејќи тоа не е дозволено за капење, нагласи Даути.

Изминатите години спасителите на Црвнеиот крст интервенирале во повеќе наврати при исекотини, топлотни удари, но и кај давеници.

AnimeDao: The Laws of the Sun anime episode Full online free at https://animedao.nl kissanime animedao

AnimeFLV: Ichi The Killer: Episode 0 anime episode Full online free at https://animeflv.uk anime sites

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at GoGoAnime gogoanime 17

Lazi: https://lazi.vn/user/anime.freak

60c09ca9e6734 site123: https://60c09ca9e6734.site123.me/