April 21, 2021 01:26
Балкан

Во Србија со новите мерки се очекува за викендите кафулињата, рестораните и трговските центри да работат до 14 часот

За време на викендите, сабота и недела, сите кафулиња, ресторани, трговски центри ќе бидат отворени до 14 часот, а од понеделник работното време ќе се врати како што беше досега, односно до 20 часот, соопштуваат српските медиуми во очекување попладнево да бидат обелоденети новите мерки кои кризниот штаб и ги предложил на Владата кај северниот сосед.

Аптеки, супермаркети, бензински пумпи, испорака на храна се ослободени од скратениот режим до 14 часот.

Исто така, кафулињата ќе бидат затворени во сите ски центри – тие нема да работат воопшто, и на отворено до 14 часот.