October 25, 2021 17:22
Магазин

Во спомен на нашиот ангел: Маратонците ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево, градот на Тоше

Како и секоја година, во Загреб во црквата кај Роков перивој, во недела (17 октомври) од 11:00 часот, ќе се одржи свечена миса по повод трагичната смрт на македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески. Па, така ќе биде и оваа година. Пред тоа во сабота, на 16 октомври и кај нас во Македонија ќе се означат долго болните четиринаесет тешки години од смртта на ангелот Тоше.

Хрватската дискографска куќа “Хит рекордс“ традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина заедно со Туристичката заедница на Нова Градишка и обожавателите подготвија неколку настани во спомен на Тоше.

Еден од оние кои негуваа посебна традиција со години се маратонците кои и овој пат ќе трчаат од Нова Градишка до градот на Тоше, до Крушево. Меморијалниот маратон ќе започне во четврток, 14 октомври, во 17 часот, од стадионот „НК Слога“ во Нова Градишка. Ќе има и положување венци пред споменикот на Тоше, кој е дел од локалното училиште за електротехника и економија.                                                Никогаш да не се заборави една пејачка ѕвезда кој остави толку длабока трага во музиката, од Вардар па до Триглав.

Website https://animebee.to: Watch Night Raid 1931 Specials animebee Episode 3 anime online

One Day A Letter Arrives from the Dog Kingdom Episode Full

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://kissanime.mx: Watch The Big First-Grader and the Small Second-Grader kissanime Episode Full my hero academia kissanime

Watch anime online for free at AnimeDao tower of god animedao