December 9, 2019 02:49
Култура

Во Сплит отворена изложба на македонски стилизирани носии во современ дизајн од велешанката Благородна Донева

–  Во рамки на 28. Денови на македонската култура во Хрватска во просториите на МКД „Македонија ” од Сплит синоќа беше отворена  изложбата „Носии со совемен дизајн на традиционалната македонска култура” од ракотворецот и етно дизајнер Благородна Донева од Велес. Таа се претстави со 20 свои рачно изработени македонски стилизирани носии, женски, машки и детски.

Изложбата, која викендов ќе биде отворена за посетителите, е на покана на Македонското културно друштво „Македонија” од Сплит  и Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а под покровителство на Советот за национални малцинства во Република Хрватска.

Во изјзвата за МИА, Благородна Донева информира дека изложбата со голем интерес била разгледена од присутните и добила пофалби за претставување на македонската традиција преку носиите во современ дизајн.

-Среќна сум што и јас како ракотворец и етно творец на македонската култура се преставувам во Хрватска. Овие Денови на македонската култира во Хрватска се многу значајни, бидејќи се можност за нас творците да ја презентираме нашата македонска култура и културно историско наследство и современото творештво меѓу Македонците и Хрватите во пријателска Република Хрватска. Оваа културна манифестација е градење на цврст мост на македонско-хрватското пријателство. Среќна сум и горда што и оваа моја изложба е едно камче плус во зацврстување на тоа пријателство и соработка меѓу нашите народи, потенцира Донева.

Инаку, манифестацијата синоќа беше збогатена со пригодна програма  на секциите на МКД „Македонија” од Сплит, а воедно Донева со оваа изложба го одбележа и 16 ноември  Светскиот ден на ракотворците.

Нови вести

Промовирана стихозбирката „Отвори ги очите” на Љупка Антеска

Filip

„Пејзажи на совеста” во Музејот на современа уметност

Igor

НУБ „Св. Климент Охридски” ќе одбележи 75 години постоење

Igor