June 25, 2022 23:08
Македонија

Во Софија, средба на министерката Петровска со офицери на Армијата на Република Северна Македонија кои се на школување во Бугарија

Денеска, при посетата на Бугарија, министерката за одбрана Славјанка Петровска разговараше со двајца високи офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во моментов се дел од Школата за национална одбрана и Командно-штабната академија на софиската Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски”.

„Ние остануваме силно посветени на развојот на човечкиот потенцијал во одбраната и во Армијата зашто вие сте нашиот најголем ресурс. Ќе продолжиме да инвестираме во индивидуалниот капацитет на сите армиски припадници, и дома и во сојузничките земји зашто тоа е најдобриот начин за воспоставување на блиски меѓусебни контакти на индивидуално ниво како офицери на сојузнички Армии”, рече министерката на средбата.

Полковникот Сибиновиќ и потполковникот Стоименовски се заблагодарија за средбата и можноста да поразговараат со министерката за една од темите која е најважна во одбранбениот сектор – континуираното воено образование и усовршување.

auto tài xỉu go88 chơi go88 trực tuyến go88 demo

sunwin live sunwin it solutions Tải Sunwin Android, IOS, APK