August 17, 2022 15:04
Балкан

Во Софија не полета патнички авион поради птици во моторот

На аеродромот во Софија, авион на „Луфтханза“ кој утрово требаше да полета за Франкфурт, остана на пистата откако птици влегоа во еден од моторите.

БНР, јави дека ниту еден од патниците не е повреден кои биле пренасочени и на други летови.

Единствена мала штета има на турбината на машината на авионот од германската авиокомпанија „Луфтханза“.