Уште едно лице настрада во страотната несреќа на крстосницата пред „Сити Мол“ вечерва, во која возач на автомобил усмрти 24-годишна девојка на пешачки премин.
Повредениот момче на загинатата девојка, а и двајцата се од Радовиш.
-На 20.01.2022 год. во 19.44 часот пријавено е дека на кртосницата од улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место, соопштија од полицијата.
Според очевидци, двајцата биле прегазени на пешачки премин кај поранешниот Државен Архив, карши „Сити Мол“.
Возачот на џипот претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот, па удрил во пешаците.
Фото: 360степени