December 10, 2022 00:40
Свет

Во Сомалија сè поголем број деца умираат од глад поради сушата

Во Сомалија сè поголем број деца умираат од глад поради најголемата суша во земјата во последните 40 години, објави денеска Би-би-си.

Претставниците на сомалиската влада предупредуваат дека таа земја може да ја снајде уште поголема катастрофа во наредните денови доколку не пристигне поголема помош од меѓународната заедница.

Во Сомалија повеќе од две третини од децата и бремените жени, раселени поради суша и во кампови, страдаат од акутна неисхранетост, а процентот на смртни случаи поради глад е висок, што покажува дека декларацијата против глад во таа земја усвоена од Обединетите нации задоцнила.

Повеќе од половина од населението на Сомалија, кое е погодено од актуелната суша, се наоѓа во областите контролирани од терористичката група Ал Шабаб, што го отежнува доаѓањето на храна и лекови до тие области.

Затоа е планирана испорака на помош по воздушен пат.

Американскиот Стејт департмент неодамна испрати нова финансиска помош за Сомалија, пренесуваат медиумите.