December 4, 2020 15:23
Балкан

Во Словенија 1.675 нови случаи на Ковид-19

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.675 нови случаи на коронавирус а од последиците на Ковид-19 починале пет лица, објави словенечкото министерство за здравство.

Бројот на новозаразени е понизок од рекордните 1.961 во сабота, но процентот на потврдени случаи во тестираната популација е највисок, скоро 30 отсто.

И понатаму се зголемува бројот на заболени во болниците каде моментално се сместени 508 пациенти, од кои 71 на интензивна нега.

Министерот за здравство Томаж Гантар донел уредба со која за 14 дена се запираат сите здравствени услуги кои не се итни за да им се даде приоритет на заболените од Ковид-19.