January 15, 2021 14:48
Балкан

Во Словенија раст на употреба на антидепресиви во првата половина од 2020 година

Во првата половина од 2020 година, Словенечкиот национален институт за јавно здравје (НИЈЗ) регистрира зголемување на бројот на издадени антидепресиви и на бројот на луѓе кои добиле најмалку еден рецепт за антидепресиви меѓу март и мај.

НИЈЗ соопшти дека епидемијата на коронавирусот веројатно влијаела на менталното здравје на поединци.

Институтот на својата интернет страница наведе дека состојбата сè уште не може да се опише како масовно препишување на антидепресиви, затоа што 2,4 проценти од граѓаните пиеле апчиња против депресија во април, а три проценти во мај.