October 28, 2020 05:55
Балкан

Во Словенија првпат има над 1.000 активни случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 104 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата се искачи на 4.058. Ова е мало намалување во споредба со вчера, кога бројот на нови случаи беше 123.

Во последните 24 часа, едно лице починало од коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи е 136.

Првпат, бројот на активни случаи во Словенија надмина 1.000 и изнесува 1.026.

Хоспитализирани се 62 лица.

Во текот на вчерашниот ден биле тестирани 3.070 лица, додека од почетокот на епидемијата во Словенија се извршени вкупно 191.413 тестови.