August 25, 2019 09:28
Балкан

Во Словенија запленети 275 килограми наркотици

Во акција на словенечката полиција во Љубљана запленети се 275 килограми наркотици, меѓу кои 230 килограми кокаин, два килограми хероин и 43 килограми смола од канабис, како и четири возила со посебно прилагоден простор за шверц на дрога и поголемо количество пари.

Во акцијата, спроведена синоќа, се приведени девет лица, на возраст од 26 до 62 години, кои се осомничени дека се дел од меѓународна мрежа за шверц на дрога, која дејствувала во Словенија и во повеќе држави од Балканот и ЕУ.

Помошникот началник на Управата на криминалистичката полиција, Андреј Колбле денеска информира дека во акцијата учествувале 180 припадници на полицијата.

Тој нагласи дека од деветтемина уапсени, осум се државјани на Словенија, а еден освен словенечко, имал и државјанство на друга земја, но не посочи која.

Нови вести

Гром предизвика пожар на Хвар

Igor

Харадинај: Ќе ја задржам Србија надвор од Косово

zane

Актуелната премиерка Виорика Данчила кандидат за претседател на Романија

zane