November 28, 2020 17:59
Свет

Во следните три години во Канада ќе дојдат 1,2 милиони мигранти

Канадската влада планира да донесе повеќе од 1,2 милиони имигранти во следните три години, и покрај препреките создадени од глобалната пандемија.

Министерот за имиграција Марко Мендичино денеска го претстави, како што го нарече, „амбициозниот” тригодишен план за имиграција, што поставува цели за доведување квалификувани работници, членови на семејства и бегалци во Канада.

Канада сака да донесе нови 401.000 постојани жители во 2021 година, 411.000, во 2022 и 421.000 во 2023 година. Бројките значат зголемување од околу 50.000 секоја година и имаат за цел да го надополнат дефицитот поради пандемијата годинава и претставуваат околу еден процент од населението во Канада.