November 17, 2019 22:13
Македонија

Во следните неколку дена ќе се објават Уставните амандмани во Службен весник

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон.

Потоа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на конечната спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

– По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени, се наведува во соопштението

МНР во соопштението подвлекува дека сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.

Нови вести

Министерството за здравство бара решение за кофинансираните специјализанти

Filip

ВМРО-ДПМНЕ втор ден шири невистини против ,,Локално”

Filip

Младите не сакаат обнова на режимот и изолација, знаат дека зад маската на Мицкоски се крие Груевски

Filip