January 30, 2023 01:59
Uncategorized

Во Скопје 190 казнети возачи, 21 биле пијани

Во засилените контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за нерегистрирани возила.

– Изречени се 21 мерка за управување под дејство на алкохол, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…, соопштија денеска од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.