February 23, 2019 20:29
Хроника

Во Скопје вчера казнети 117 возачи за непрописно паркирање

Три лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 43 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца кои управувале возило под дејство на алкохол и осум пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени и шест нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле подигнати 88 возила.

Полицијата санкционирала и 117 возачи за не прописно паркирање, еден возач  кој не дал првенство на минување на пешаците, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, двајца за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 17 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на мототроно возило и 16 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Related posts

Тригодишно дете и жена каснати од кучиња скитници во Скопје

24info

Кривична пријава против струмичанец за обид за силување малолетничка

24news

Пиштол, 830 евра и златен накит украдени од стан во Скопје

24news