Свет

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс”.

Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на Омикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот.

Во моментов, при спроведување на традиционалните ПЦР тестови се неопходни дополнителни истражувања за да биде откриена новата варијанта. Ова во просек трае уште еден ден, објаснуваат експертите. Со новиот развој, на специјалистите ќе им бидат потребни само неколку часа за да го потврдат или негираат присуството на Омикрон.

Компанијата истакна дека веќе започна со масовно производство на тестови, кои првично ќе се користат на граничните премини во земјава.

Досега во Сингапур се регистрирани три увезени случаи на инфекција со Омикрон.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

online anime Redo of Healer

ANIMEFLIX Bleach

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 18

anime online My Hero Academia Season 5 (Dub)

My Hero Academia Season 5 Episode 22

tải go88