September 24, 2021 17:51
Свет

Во Сибир беснеат повеќе од 220 шумски пожари

Низ целиот руски регион Јакутија, на далечниот Сибир, беснеат повеќе од 220 шумски пожари на површина од 2.400 хектари, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Во текот на изминатиот ден изгаснати се 15 од вкупно 222 пожари, се додава во соопштението на министерството, пренесено од Тасс.

Два авиона од типот „Бе-200″ учествуваат во гаснење на пожарите, испуштајќи досега околу 30 тони вода.

Во акција за извидување и гаснење беа вклучени и хеликоптерите „ Ми-8″ на Министерството за вонредни ситуации, како и повеќе од 2.000 лица.

Во Јакутија од 1 јули на сила е вонредна состојба, како регион во кој пожарите се исклучително чести, потсетува руската агенција.

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

AnimeFreak: Blue Spring Ride anime episode 12 online free at https://animefreak.ws anime

Website https://4anime.biz: Watch Alps no Shoujo Heidi: Alm no Yama-hen 4anime Episode Full 4anime app

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Forexfactory: https://www.forexfactory.com/gogoanimelol

Profiles delphiforums: http://profiles.delphiforums.com/n/pfx/profile.aspx?webtag=dfpprofile000&userId=1891117994