April 20, 2019 17:06
Македонија

Во СЕП ќе биде најавен старт на изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Во СЕП ќе биде најавен старт на изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Почеток на изградбата на делницата Стенковец – Блаце од автопатот Скопје – Блаце ќе биде најавен денеска на прес-конференција во владиниот Секретаријат за европски прашања.

Најавени се обраќања на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, претставник на компанијата и тим лидер на проектот, Мартин Осборн и на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Како што  беше објавено претходно, на крај на месецов треба да биде објавен тендер за изведувач на работите на првиот дел од автотатот Скопје – Блаце, со вкупна должина од 13 километри и предвидена вредност од 110 милиони евра. Првиот дел е од граничниот премин Блаце до првата спојка кај село Блаце во должина од 1,9 километри, а ќе се гради со државни пари. За останатите 10 километри треба да се обезбеди кредит од Европската банка за обнова и развој.

Нови вести

ЦИВИЛ повикува да се пријавуваат изборните нерегуларности

Igor

Заврши гласањето на болните и немоќни во Штип, Карбинци и Пробиштип

Igor

Во Желино и Боговиње нема пријавени за денешното гласање, во Тетово од 14 гласале двајца

Igor