December 6, 2022 21:16
Свет

Во северно Мексико убиени шест полицајци

Вооружени напаѓачи синоќа убија шест полицајци во северниот дел на Мексико, каде картелите се борат за контрола на трговијата со дрога.

Полицајците се застрелани кога влегувале во спортска сала во Закатекас.

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Закатекас, Дејвид Монреал инцидентот го нарече „кукавички напад”.

Во Закетекас изминатите години насилството е во пораст поради територијалниот конфликт меѓу картелот Синалоа и новата генерација на Халиско за контрола на профитабилните патишта за шверц на кокаин до САД.

Во јануари беа пронајдени десет тела во комбе оставено пред палатата на гувернерот во  Закатекас.

Околу 340.000 луѓе во Мексико почина од насилна смрт од 2006 година кога Владата распореди војска за да се бори против наркокартелите.