September 22, 2019 10:26
Балкан

Во Сараево протестна прошетка пред утрешната Парада на гордоста

Илјадници граѓани присуствуваат на прошетката низ центарот на Сараево која започна во 14 часот, и е наречена “Традиционален ден на семејството”.

На почетокот на прошетката, организаторите ги предупредија учесниците дека митингот мора да се одржи мирно, без навреди и извици, a учесниците на митингот носеа розова и сина боја.

Тие носеа и транспаренти на кои што пишува , „Зошто не се почитува волјата на мнозинството“, „Поддршка за биолошки опстанок“, „Силата на нацијата почива во интегритетот на семејството“ и слично.

Митингот е организиран како протест на првата Парада на гордоста во Босна, закажана за утре.

Нови вести

Во Албанија од земјотресот оштетени 109 куќи, седум станбени згради, повредени 68 лица

Igor

Kоштуница предлагал Косово да биде како Хонг Конг

Igor

Околу 70 полесно повредени во земјотресoт во болниците во Тирана и Драч

Igor