September 19, 2019 12:57
Свет

Во САД уапсено лице кое се заканувало дека ќе убива јужноамериканци

Американските власти уапсија лице кое на социјалните мрежи наводно се заканувало дeка ќе убива јужноамериканци во Мајами и други делови на САД, се наведува во соопштение на Обвинителството на Јужниот округ на сојузната држава Флорида.

Според соопштението за јавноста на Министерството за правда, станува збор за 35- годишниот Ерик Лин од Мериленд, кој во петокот бил задржан во Сиетл, сојузна држава Вашингтон.

Според властите, осомничениот во периодот од 30 април до 13 август на социјалната мрежа Фејсбук постирал закани за убиство на жители во јужна Флорида, исто така и на „сите јужноамериканци во Мајами и други места”.

Медиумите јавуваат дека Лин наводно давал поддршка на претседателот на САД, Доналд Трамп, со надеж дека тој ќе започне „војна на расите и крстоносен поход”. Наводно искажувал и воодушевеност и од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Претходно, американските власти соопштија дека полицијата и ФБИ уапсиле три лица кои се заканувале да извршат масовни пукања.

На почетокот на месецот во САД се случија две масовни пукања, едното во Ел Пасо, Тексас, другото во Дејтон, Охајо, при што загинаа над 30 лица, а над педесетина беа повредени.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane