June 21, 2021 18:33
Свет

Во САД повеќе од 130 американски дипломати добиле Хавана синдром

Меѓу американските дипломати, разузнавачки агенти и членови на Министерството за одбрана досега се регистрирани повеќе од 130 необјасниви инциденти поврзани со повреди на мозок познати како Хавана синдром, а некои од нив се случиле во последните неколку недели.

Тројца офицери на ЦИА добиле сериозни симптоми од декември, откако биле на задачи во странство, па затоа морале да се пријават во воената болница во Вашингтон, пишува „Њујорк тајмс, пренесува „Гардијан“.

Бројот на пријавени случаи е за 70 поголем од првично објавениот.

Претставник на поранешни функционери погодени од Хавана синдром, Марк Заид, рече дека со него контактирале некои други службеници кои сметаат дека имаат симптоми на овој мистериозен феномен.

„Бројките дефинитивно растат“, додаде Заид.

Американските официјални лица потврдија дека се појавуваат нови случаи кои детално се анализираат, а истовремено предупредуваат дека некои луѓе можеби ги реинтерпретирале симптомите што ги имале порано и дека бројот на нови случаи не може да го одразува бројот на нови инциденти.

Во декември, Националната академија на науките објави извештај во кој се наведува дека оштетувањето на мозокот кое го претрпеле американски официјални лица во Куба и Кина е најверојатно резултат на некаква форма на насочена енергија, односно енергетски напад.

Шерил Рофер, поранешна хемичарка во Националната лабораторија Лос Аламос, ги доведе во прашање заклучоците од студијата и тврдењата на жртвите и некои експерти дека зад оштетувањето на мозокот стои некаков вид микробраново оружје развиено од непријателите.

„Доказите за ефектите предизвикани од микробрановите, кои се нарекуваат Хавана синдром, се многу тенки. Ниту еден од поддржувачите на оваа идеја не објасни како навистина функционира оружјето. Нема докази дека такво оружје е развиено некаде во светот. Ваквите тврдења бараат јасни објаснувања, но досега никој не понудил нешто што би го потврдило постоењето на мистериозното оружје“, рече Рофер.

AnimeHeaven watch anime dub: Watch Dragon Ball Super Episode 20

AnimeDao animedao demon slayer: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 47