August 3, 2020 14:26
Свет

Во САД годинава извршени 22 смртни казни

Сојузната американска држава Тексас погуби затвореник осуден за убиство на неговиот надзорник, што е 22. смртна казна извршена годинава во САД.

Минатата година во Америка беа извршени 25 егзекуции, па државата беше седма во светски рамки по бројот на смртни казни, пренесе „Ројтерс“.

Откако смртната казна беше повторно воведена во 1976 година, сојузната државата Тексас има најголема стапка на погубени затвореници.