January 23, 2021 05:32
Свет

Во Русија рекорден број на новозаразени и умрени од коронавирус во еден ден

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани рекорден број новозаболени и умрени од коронавирус, со потврдени 25.487 нови случаи на Ковид-19, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходно, најголемиот број нови случаи на инфицирани беше регистриран на 23 ноември – 25.173.

Од почетокот на пандемијата во Русија се потврдени вкупно 2.187.990 заболени лица, со што оваа земја е петта во светот според бројот на инфекции.

Од Ковид-19 во последното деноноќие умреле  уште 524 лица, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, наведува Тасс. Претходниот ден, бројот на смртни случаи беше 507, а досега во Русија вкупно се умрени 38.062 лица.