December 5, 2020 00:14
Свет

Во Романија нов црн рекорд – заразени 6.546 лица

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Романија се зголеми за 6.546, на вкупно 235.586, соопшти денеска Стратешката комуникациска група (ГЦС).

Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 103 лица, со што вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 6.867.

Според податоците на ГЦС, изминатиот ден биле извршени 35.335 тестови, додека од почетокот на епидемијата биле тестирани 3.206.567 лица.

Вкупно 167.897 луѓе се излечиле од коронавирусот.