June 25, 2022 13:04
Скопје

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на  Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката Данела Арсовска. Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.
– Почитувани пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, вашата професија е одраз на посветеност и пожртвуваност, битка на тимот против еден заеднички непријател – огнот. Секоја професија има своја специфичност, но во пожарникарството се обединуваат храброста, пожртвуваноста, хуманоста, одговорноста, професионалноста. Вашата професија една од оние чие постоење влева сигурност и спокој во нашиот град. Вашето знаење, макотрпна работа, стекнатото искуство во справување со предизвиците со кои се соочувате секојдневно, мора да бидат почитувани и наградувани. – изјави Арсовска.
Арсовска истакна дека нејзините заложби се обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на сите пожарникари, како и континуирано вложување во човечкиот капитал.
– Противпожарната Бригада на Град Скопје е професионална служба, а пожарникарите храбри луѓе, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи, го ставаат животот и безбедноста на граѓаните, пред сопствениот. Тоа ве прави херои на градот. Граѓаните на Скопје можат да се гордеат со противпожарната бригада. – рече Арсовска.
Командантот на противпожарната бригада, Звонко Томевски изрази благодарност за поддршката и разбирањето кое го имаат од Градоначалничката на Град Скопје и градската администрација, што влева надеж дека противпожарната  служба како есенцијална услуга во модерните општества ќе го добие заслуженото место како модерна единица со која ќе се гордеат сите  и би се постигнала главната цел –  зголемена безбедност на граѓаните на Скопје.
На одбележувањето присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, градоначалници, советници, претставници на државните институции и голем број гости.

https://tai.go88.is/

sunwin it solutions